ТРАМП ТОЧНО ОДГОВОРИЛ НА КОГНИТИВНИОТ ТЕСТ Белата куќа наскоро ќе ги објави резултатите од неговиот систематски преглед
Белата куќа обично одредува кои информации ќе бидат објавени врз основа на лекарскиот преглед на претседателот, а Трамп не е принуден да објавува никакви информации.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека неговиот физички преглед поминал добро, дека имал когнитивни и срцеви тестови и дека смета дека извештајот ќе биде објавен во недела, коментирајќи го пазарот на обврзници, како и тарифите.
– Помина, мислам, добро… секој тест што можете да го замислите, бев таму долго време, годишниот преглед – им рече Трамп на новинарите во Air Force One за физичкиот.
Трамп, исто така, рече дека направил когнитивен тест и ги дал сите точни одговори.
– Чувствував дек сум во многу добра форма. Добро срце, добра душа, многу добра душа и – сакав да бидам малку поинаков од Бајден – направив когнитивен тест и не знам што да ви кажам освен дека секој одговор беше точен – рече Трамп.
Запрашан дали медицинскиот тим предложил какви било промени во неговите навики, претседателот рече дека имало „малку“, но не даде дополнителни детали.
– Белата куќа ќе ги објави целосните резултати од прегледот што е можно поскоро, изјави прес-секретарот Каролин Левит.
Трамп во јуни ќе наполни 79 години, а со преземањето на претседателството на САД во јануари стана најстариот претседател во историјата ан САД.
Левит рече дека Трамп минал низ многу тестови и дека тоа е „годишен преглед, затоа се бара многу“, додавајќи дека тој не требало да добие општа анестезија како дел од прегледот.
Прегледот, исто така, може да го понуди првиот јасен увид во состојбата на Трамп откако куршум му го зафати увото при обид за атентат за време на предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија, минатиот јули.
Белата куќа обично одредува кои информации ќе бидат објавени врз основа на лекарскиот преглед на претседателот, а Трамп не е принуден да објавува никакви информации.