Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша контроверзниот закон за даноци и трошоци. Трамп стави потпис на законот на церемонија на отворено на 4 јули, американски национален празник по повод Денот на независноста.
Републиканците во Конгресот на САД го усвоија популарно наречениот „Еден голем прекрасен закон“, откако беше одобрен во Сенатот со тесно мнозинство, давајќи му на Трамп голема политичка победа.
Централен дел од законот е трајното продолжување на даночните олеснувања од првиот мандат на Трамп. Тие треба да се финансираат со намалување на социјалните бенефиции – точка што наиде на жестоки критики од демократите.
Но, постојат резерви и во редовите на Трамп. Некои од републиканците го критикуваат фактот дека законодавството не оди доволно далеку во однос на намалувањето на трошоците и се заканува да го зголеми буџетскиот дефицит уште повеќе.
Пакетот предвидува повеќе трошоци во некои области – како што се заштитата на границите и одбраната – и намалувања во други сектори.
Технолошкиот милијардер Илон Маск минатата недела постираше серија објави на социјалните мрежи во кои го критикуваше законот и се закани дека ќе формира трета политичка опција во САД.
Трамп ги отфрли критиките од Маск и со недели го фалеше овој законски прокет нарекувајќи го „Еден голем прекрасен закон“.
SIGNED. SEALED. DELIVERED. 🧾🇺🇸
President Trump’s One Big Beautiful Bill is now LAW — and the Golden Age has never felt better. pic.twitter.com/t0q2DbZLz5
— The White House (@WhiteHouse) July 4, 2025