ТРАМП СОГЛАСЕН ЗА „ПОГОЛЕМ ДЕЛ“ ОД ТОЧКИТЕ Иран бара крајниот договор да стане обврзувачка резолуција на ООН

Усвојувањето на таква резолуција на Советот за безбедност на ООН би го претворило договорот во обврзувачко меѓународно право и би претставувало значајна дипломатска победа за иранскиот народ, смета Техеран.

258

Претседателот Доналд Трамп преку социјалните мрежи соопшти дека Соединетите Американски Држави ќе започнат блиска соработка со Иран, за кој оцени дека поминал низ „многу продуктивна промена на режимот“.

Според неговите наводи, во земјата повеќе нема да има збогатување ураниум. Трамп истакна дека САД, во соработка со иранските власти, ќе го отстранат сиот длабоко закопан нуклеарен „прав“. Тој додаде дека локациите биле под прецизен сателитски надзор на Вселенските сили и дека ништо не е допрено од датумот на нападот. Во објавата се наведува дека во тек се преговори за олеснување на тарифите и санкциите кон Иран. Претседателот Трамп информираше дека веќе е постигната согласност за голем дел од предвидените точки од договорот.






Во меѓувреме, иранската новинска агенција Тасним објави дека став на Техеран е дека конечниот договор меѓу Иран и САД мора да биде потврден со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Според агенцијата, планот од 10 точки предложен од Иран, кој ќе биде основа за идните преговори со САД, предвидува дека сите можни договори мора да бидат одобрени со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Усвојувањето на таква резолуција би го претворило договорот во обврзувачко меѓународно право и, како што се вели, би претставувало значајна дипломатска победа за иранскиот народ.

Овој предлог договор усвоен на два часа пред крајот на ултиматумот на Трамп донесе двонеделно примије по што очекувањата се дека конечно ќе заврши војната на Блискиот исток.

Најавите за прекин на војната резултираше со нагло намалување на цените на суровата нафта на светските берзи.

Поврзани содржини