Трамп со закана до Иран: На секој ваш напад ќе следи одговор 1.000 пати поголем!

Оваа изјава на американскиот претседател следи по извештаите дека Иран планира да се одмазди за убиството на генералот Касим Сулејмани.

282

Американскиот претседател Доналд Трамп  нагласи дека секој напад од Иран би бил со одговор „1000 пати поголем“, по извештаите дека Иран планира да се одмазди за убиството на генералот Касим Сулејмани.

Во извештаи на американските медиуми, кои цитираат неименувани официјални лица, се вели дека наводниот ирански заговор за убиство на американскиот амбасадор во Јужна Африка бил планиран пред претседателските избори во ноември.






„Според извештаите во печатот, Иран можно е да планира атентат, или друг напад, против САД како одмазда за убиството на лидерот на терористите Сулејмани“, објави Трамп на Твитер.

 

„Секој напад од Иран, во која било форма, против САД ќе биде пресретнат со напад врз Иран што ќе биде 1.000 пати поголем!“ .

Поврзани содржини