ТРАМП СО ТУЖБА ОД 15 МИЛИЈАРДИ Њујорк тајмс ќе одговара за лагите, порача претседателот на САД
Претседателот тврди дека медиумот со години го клевети него, неговото семејство и неговиот бизнис. „Тоа завршува сега“, порача Трамп.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави тужба од 15 милијарди долари против „Њујорк тајмс“, обвинувајќи го весникот за клевета и навреда.
„Денес имам голема чест да поднесам тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против ‘Њујорк тајмс’“, изјави Трамп преку својата платформа за социјални медиуми „Truth Social“.
Тој најави дека тужбата ќе биде поднесена во Флорида, но не прецизираше дополнителни детали за случајот.
„Њујорк тајмс имаше право да ме лаже, клевети и дискредитира предолго, но тоа завршува СЕГА“, напиша Трамп во својата објава.
Весникот засега нема официјален одговор на ваквите обвинувања. „Њујорк тајмс“ не одговори веднаш на барањето за коментар.
Трамп дополнително го обвини медиумот дека „лаже за него, неговото семејство и неговиот бизнис“, најавувајќи дека конечно ќе повлече правни потези против, како што вели, „долгогодишната кампања за дискредитација“.