ТРАМП СЛЕТА ВО ДАВОС, ЕВРОПЕЈЦИТЕ ОДЛЕТАА Откажани средби и „меки пораки“ на најголемиот светски економски форум

Фон дер Лајен, според Европската комисија, направила „стратешка и политичка проценка“ дека е поважно да се врати во Брисел за подготовка на состанокот на Европскиот совет. Во исто време, бил откажан и состанокот на Трамп со германскиот канцелар Фридрих Мерц. Во меѓувреме, министерот за трговија на САД, Хауард Лутник, предизвикал инцидент за време на вечерата организирана од директорот на „BlackRock“, Лари Финк.

1,624

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Швајцарија за Светскиот економски форум во Давос, додека клучни европски лидери се повлекле во последен момент. Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го напуштиле Давос пред неговиот говор.

Откако утринава мораше да смени авион поради снежните услови, Трамп слета во Цирих. Таму се качи на хеликоптер за да стигне до Давос кој е оддалечен околу 148 километри.






Според извори на „Гардијан“ и „Ројтерс“, неговото обраќање било планирано околу 14:30 часот, но без официјална потврда.

Урсула се повлекла, Мерц ја откажал средбата

Фон дер Лајен, според Европската комисија, направила „стратешка и политичка проценка“ дека е поважно да се врати во Брисел за подготовка на состанокот на Европскиот совет.

На прашањето дали е планирана средба со Трамп во блиска иднина, портпаролот на Фон Дер Лајен одговорил:

– Колку што знам, не се испратени покани во ниту еден правец.

Во исто време, бил откажан и состанокот на Трамп со германскиот канцелар Фридрих Мерц. Причината, според „Ројтерс“ се технички проблеми со претседателскиот авион, објавил „Ројтерс“.

Макрон си замина, Мелони и Санчез ги откажале патувањата

Шпанскиот премиер Педро Санчез, исто така, го откажа своето патување по железничката несреќа во јужна Шпанија во која загинаа 42 лица. Италијанската премиерка Џорџија Мелони, исто така, нема да биде во Давос, бидејќи Ројтерс дознава дека ќе ги следи стапките на Макрон и ќе одбие да се приклучи на „Мировниот комитет“ на Трамп за Газа, уште една тема која е жежок костен меѓу Вашингтон и Европа по темата за Гренланд и Украина.

Меѓу нив е и францускиот претседател Емануел Макрон, кој замина откако, според извештаите, не успеа да обезбеди приватна средба со Доналд Трамп. Макрон, за потсетување, пред два дена му испрати порака на Трамп предлагајќи да се сретнат во Давос, што Трамп го отфрли и се закани дека ќе воведе нови царини за Франција.

 

Инцидент на вечерата во Давос

Министерот за трговија на САД, Хауард Лутник, предизвикал инцидент за време на вечерата организирана од директорот на „BlackRock“, Лари Финк. Присутните гости го исвиркале по неговите остри коментари, а некои дури ја напуштиле просторијата.

„Фајненшл тајмс“ пишува дека претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, ја напуштила вечерата токму во моментот кога Лутник ја критикувал Европа.

„Велика Британија нема да попушти“

Британскиот премиер Кир Стармер изјавил дека иднината на Гренланд „припаѓа исклучиво на луѓето на Гренланд и на Кралството Данска“.

– Нема да попуштаме пред притисоци со царини. Велика Британија ќе ги брани своите вредности и принципи – рекол Стармер, најавувајќи средба со данската премиерка Мете Фредериксен во Лондон.

Стармер нагласил и дека заканите на Трамп со царини кон сојузниците се комплетно погрешни.

Зеленски останува во Киев, порака за Трамп?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопштил дека ќе остане во Киев ако не се постигне договор за Планот за просперитет – проект вреден 800 милијарди долари меѓу САД, Европа и Украина.

– На Украина ѝ требаат ракети, оружје и енергија секој ден. Ако Давос донесе резултати, ќе бидеме таму. На нкој не му требаат празни зборови – рекол Зеленски во обраќањето.

Норвешка и Шведска одбиле да учествуваат во Трамповиот „Мировен совет“

Во меѓувреме, одредени европски лидери го бојкотираат учеството во таканаречениот Мировен одбор во Газа по идеја на Трамп. Одборот требаше да биде промовиран во Давос, но тоа останува неизвесно.

Норвешкиот државен секретар Кристофер Тонер изјавил дека „предлогот на САД покренува прашања што бараат подлабок дијалог“.

Ниту Италија не планира да се приклучи, потврдиле европски дипломатски извори.

Меѓу членовите кои ќе управуваат со Одборот, покрај Трамп, се наведени и имињата на Тони Блер и на Џаред Кушнер, зетот на Трамп.

Поврзани содржини