Трамп си заминува со багаж од длабоки политички поделби и 400 илјади жртви од пандемијата
Сега повеќе од кога било, мора да се обединиме околу нашите заеднички вредности и да се издигнеме над фракционата омраза и да ја изградиме нашата заедничка судбина - рече тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп заминува од функцијата по бурниот четиригодишен мандат за време на кој двапати беше отповикан во Долниот дом на парламентот и чиј мандат го обележаа длабоки политички поделби и пандемија што однесе 400.000 животи во државата.
Трамп (74) ќе се збогува со Белата куќа неколку часа пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател, демократот Џо Бајден како првиот претседател од Ендру Џонсон во 1869 година кој нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник, бидејќи не може да го прифати фактот дека е поразен.
Трамп и неговата сопруга Меланија ќе заминат со хеликоптер до базата Ендрјус во Мериленд, 24 километри од Белата куќа, од каде со претседателскиот авион „Ер форс уан“ одат во неговиот клуб Мар-а-Лаго на Палм Бич пред официјалното истекување на мандатот напладне.
Избркан од Твитер по крвавиот напад на неговите приврзаници на Капитол на 6 јануари, Трамп вчера го искористи стариот метод, соопштение за јавноста преку е-пошта, за да дистрибуира проштално видео во кое се воздржува од вообичаената агресивна реторика и испрати позитивна порака.
– Сега повеќе од кога било, мора да се обединиме околу нашите заеднички вредности и да се издигнеме над фракционата омраза и да ја изградиме нашата заедничка судбина – рече тој. Бајден не беше споменат во неговиот говор во видеото.
Трамп се соочува со тешката задача да го врати својот имиџ сериозно нарушен од бурното претседателствување, особено во последните месеци. Тој има единствено место во историјата како единствен претседател кој беше двапати отповикан во Долниот дом на парламентот.
Дури и откако ќе ја напушти функцијата, Сенатот ќе му суди под обвинение за поттикнување бунт потврден од Претставничкиот дом во кој демократите имаат мнозинство. Исходот ќе утврди дали тој ќе биде дисквалификуван повторно да се кандидира за претседател.
– Тој ќе биде безначаен претседател, претседател во еден мандат кој направи повеќе штета отколку добро – рече историчарот Даглас Бринкли, експерт за претседателите на САД во изјава за Си-Ен-Ен.
До последниот ден на функцијата Трамп тврдеше дека му се украдени изборите одржани на 3 ноември минатата година.
Судовите ги отфрлија неоснованите обвинувања од неговите адвокати укажуваа за широко распространета изборна измама додека неговиот потпретседател Мајк Пенс ја предводеше потврдата за победата на Бајден во Конгресот и покрај неговите протести, бидејќи неговите приврзаници беа протерани од Капитол по крвавиот напад.
Вашингтон, од кој заминува Трамп, го чуваат денеска 25.000 припадници на Националната гарда, додека дел од градот е затворен за јавноста поради закани за насилство од групи што го нападнаа Капитол.
Фокусиран на поништување на изборните резултати, Трамп не успеа да го задржи растечкиот број на жртви од коронавирусот, кој досега однесе животи на 400.000 луѓе во земјата, најмногу во светот, додека милиони останаа без работа.
Трамп, поранешен магнат во недвижнини, кој поседува 17 терени за голф низ целиот свет, се соочува со голем предизвик да ја изгради повторно својат расипан бренд.
Њујорк Тајмс напиша дека многу од неговите летувалишта губат милиони долари и дека мора да врати стотици милиони долари долг во рок од неколку години. Трамп исто така мора да одлучи како ќе остане во политиката како што најави. Тој спомена дека преку политички комитет кој собира политички донации, тој може да ги поддржи кандидатите кои ќе се обидат да ги симнат републиканците кои го предадоа политички.
Сепак, само времето ќе покаже дали тој ќе го задржи влијанието во Републиканската партија.
– Би се осмелил да предвидам дека во не толку далечна иднина, американските политички кандидати ќе бидат помотивирани да посочат дека тие не се како Трамп отколку кандидатите кои по 1974 година истакнаа дека не биле како Никсон – вели историчарот Мајкл Бешлос. Никсон поднесе оставка во 1974 година поради скандалот Вотергејт.