Трамп: Северна Македонија веќе почна да придонесува кон НАТО, како домаќин на воени вежби на полигонот Криволак

Во прилог на позитивниот исчекор со зачленувањето во НАТО, Северна Македонија веќе придонесува кон Алијансата, како домаќин на големи вежби на воениот полигон Криволак, пишува Трамп.

983

САД се горди што се сојузник со Северна Македонија во НАТО и ги поддржуваат нејзините аспирации за членство и во Европската Унија, пишува американскиот претседател Доналд Трамп во честитката до претседателот Стево Пендаровски по повод Денот на независноста, 8 Септември.

„Оваа година одбележувањето е во околности кога сме соочени со глобалната пандемија. И покрај овој огромен предизвик, Северна Македонија безбедно и транспарентно одржа демократски избори во јули, а вашата земја останува посветена на унапредување на безбедноста, стабилноста и просперитетот во регионот. Во прилог на позитивниот исчекор со зачленувањето во НАТО, Северна Македонија веќе придонесува кон Алијансата, како домаќин на големи вежби на воениот полигон Криволак. Соединетите Држави се горди што се Ваш сојузник и ги поддржуваме аспирациите на Северна Македонија за понатамошна европска интеграција и вашиот пат кон членство во Европската Унија“, наведува Трамп во честитката, што на претседателот Пендаровски денеска му ја предаде амбасадорката на САД Кејт Брнз.






На средбата во претседателската вила Водно, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, се разговарало за предизвиците што ги носи пандемијата на ковид-19.

Пендаровски и Брнз разменија мислења и за предизвиците кои и претстојат на новата влада и потребата од одржување на националниот консензус со цел успешно спроведување на реформите потребни за исполнување на втората стратешка цел на Северна Македонија, членството во ЕУ, откако стана полноправна членка на НАТО изминатата пролет.

Поврзани содржини