TРАМП СЕФТЕ ЈА НАРЕЧЕ РУСИЈА АГРЕСОР „Путин и Зеленски не дишат од што се мразат“

8.000 војници од двете страни загинале минатата недела. Повеќе од Русија, но кога сте агресор губите повеќе, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа.

156

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат ја означи Русија како агресор во украинската војна, и тоа откако призна дека очекува полесно да постигне мировен договор.

– 8.000 војници од двете страни загинале минатата недела. Повеќе од Русија, но кога сте агресор губите повеќе – рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа.






Овој пресврт доаѓа неколку месеци по спорното одбивање на САД, под водство на Трамп, да ја поддржат резолуцијата на Обединетите нации за територијалниот интегритет на Украина, со што Вашингтон се најде на иста страна со Москва и Пјонгјанг.

Во април, тој дури ја обвини Украина дека ја започнала војната.

– Имам запрено седум војни и мислев дека оваа ќе ми биде лесна, но излезе многу тешка. Мислам дека јас треба да разговарам за сѐ. Зеленски и Путин толку многу се мразат еден со друг што не можат да дишат – додава Трамп.

Исто така, за првпат администрацијата во Вашингтон јасно зборува за можни засилени санкции против Москва.

„Санкциите против Русија ќе бидат засилени ако Европа продолжи да купува руска нафта, а во исто време не воведе царини за Кина и Индија“, соопшти кабинетот на Трамп.

Унгарија и Словачка, двете земји кои најмногу увезуваат руски енергенси во Европската унија, остануваат противници на иницијативата за целосен бојкот на нафтата и гасот од Русија предложена од Европската комисија.

Поврзани содржини