Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, ќе се врати на Твитер, ако Илон Маск ја купи оваа социјална мрежа, јави Си-Ен-Ен.
Профилот на Трамп Твитер му го укина во јануари 2021 година, по немирите во Вашингтон.
Илон Маск, најверојатниот иден сопственик на оваа социјална мрежа, неодамна изјави дека одлуката на Твитер да го блокира профилот на Трамп била „грешка“.
– Мислам дека не би било правилно да му се забрани пристапот на Доналд Трамп, мислам дека тоа беше грешка. Јас би ја поништил трајната забрана. Основачот на Твитер Џек Дорси го дели моето мислење, не би требало да постојат трајни забрани – изјави Маск.