ТРАМП СЕ СОМНИЧИ ЗА ИЗБОРЕН ФАЛСИФИКАТ Поднесено ново ревидирано обвинение против поранешниот американски претседател

Ревидираното обвинение ги содржи истите четири кривични точки против Трамп, но тие сега се однесуваат на неговиот статус како политички кандидат, а не како претседател. Трамп ги отфрли обвинувањата за мешање во изборите, иако остана на своето тврдење дека имало фалсификување на изборите во 2020 година, пишува Би-би-си.

187

Против поранешниот претседател Доналд Трамп се поднесени нови обвиненија поради неговите наводни обиди да се меша во изборите во 2020 година, откако тој загуби од Џо Бајден. Тоа е всушност ревидирано обвинение кое претходно беше отфрлено, односно одговор на минатомесечната одлука на Врховниот суд на САД според која претседателите се заштитени со имунитет и не можат да бидат кривично гонети додека се на функција.

Ревидираното обвинение ги содржи истите четири кривични точки против Трамп, но тие сега се однесуваат на неговиот статус како политички кандидат, а не како претседател. Трамп ги отфрли обвинувањата за мешање во изборите, иако остана на своето тврдење дека имало фалсификување на изборите во 2020 година, пишува Би-би-си.






Трамп: Го обновуваат неуспешниот лов на вештерки

Според новиот, или ревидираниот обвинителен акт, поднесен од специјалниот обвинител на Министерството за правда, Џек Смит, Трамп се товари за заговор против САД, заговор за попречување на службена постапка, обид за попречување на службената постапка и заговор за кршење на законот. Трамп на својата социјална мрежа Truth Social рече дека новото обвинение е рестартирање на неуспешниот „лов на вештерки“.

Во новиот документ, кој беше намален од 45 на 36 страници, обвинителите ги променија условите на обвинението за да ги усогласат со одлуката на Врховниот суд за претседателскиот имунитет. Во обвинението се наведува дека Трамп дејствувал како граѓанин, а не како претседател, кога се обидел да влијае на изборите.

Поврзани содржини