🎥 ТРАМП СЕ СКАРА СО ВОДИТЕЛКАТА И СИ ЗАМИНА СРЕДЕ ИНТЕРВЈУ „Вие сте нечесна, корумпирана телевизија, доста ми е од вас!“

Трамп тврдеше дека изборите во 2020 година биле наместени, а Велкер истакна дека за тоа нема докази.

2,667

Претседателот на САД Доналд Трамп го прекина интервјуто за емисијата „Мит д прес“ на водителката Кристен Велкер на телевизијата Ен-би-си.

Трамп го напушти студиото на Ен-би-си по жестоката размена на мислења со Велкер за наводно наместени избори во 2020 година и наводни неправилности при броењето на гласовите во Калифорнија.






Трамп тврдеше дека изборите во 2020 година биле наместени, а Велкер истакна дека за тоа нема докази.

– Изборите беа наместени. Тоа беа валкани избори, додавајќи оти и сега се манипулира со изборите во Калифорнија, каде сè уште се пребројуваат гласовите од предизборите поради големиот број гласачки ливчиња пристигнати по пошта – рече Трамп.

Кога Велкер побара докази за тврдењата на Трамп, тој изјави дека е „доволно да погледне“.

– Тие се нечесни како што и вие сте нечесни, вашите медиуми се нечесни. И „Мит д прес“ е нечесна, изјави Трамп при тоа повторувајќи дека „вашите избори се нечесни и вие сте нечесни и „Мит д прес“ е нечесен.

Тој пред да го напушти студиото наведе дека Ен-би-си е еднострана, корумпирана телевизија.

– Жал ми е, но прекинуваме. Доста ми е, посочи Трамп и замина од студиото.

Интервјуто беше снимено во петокот, а денеска се емитуваше на телевизијата Ен-би-си.

Поврзани содржини