Трамп се прогласи за здрав: Престанав да пијам лекови против ковид-19

Претходно беше соопштено дека втората дебата помеѓу Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден што требаше да се одржи на 15 октомври е откажана откако американскиот претседател одби виртуелна дебата.

443

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека престанал да пие лекови против новиот коронавирус.

– Сега веќе не пијам никакви лекови – изјави Трамп за „Фокс њуз“.






Се очекува Трамп денеска да им се обрати на своите приврзаници од терасата на Белата куќа, а в понеделник закажа митинг во Флорида.

Претходно беше соопштено дека втората дебата помеѓу Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден што требаше да се одржи на 15 октомври е откажана откако американскиот претседател одби виртуелна дебата.

Виртуелна дебата беше предложена поради тоа што Трамп е инфициран со ковид-19.

Тоа значи дека третата дебата во Нешвил, што треба да се одржи на 22 октомври најверојатно ќе биде последно соочување на двајцата кандидати.

Поврзани содржини