Трамп се огради од протестите: Луѓето кои упаднаа во Капитолот не ги претставуваат САД
Во жарот на критиките од двете партии за тоа дека разгорил насилство во Капитолот на САД во средата, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави видео на Твитер во кое директно ги осуди сторителите на насилството и ја смируваше ситуацијата.
– Демонстрантите кои се инфилтрираа во Капитолот го извалкаа седиштето на американската демократија. Луѓето кои упаднаа во Капитолот на САД не ги претставуваат САД, прекршителите на законот ќе платат за тоа – изјави Трамп.
Тој исто така рече дека ќе асистира во процесот на трансфер на власта на избраниот претседател Џо Бајден и, што е најважно, не ги повтори обвинувањата за изборна измама.
– Поминавме низ напнати избори и емоциите се големи. Но, сега темпераментот мора да олади и да биде обновено спокојство. Мојот фокус сега е да обезбедам непречен трансфер на власта. Овој момент повикувам на лекување и примирување – порача Трамп.
На почетокот на обраќањето тој истакна дека веднаш ја распоредил Националната гарда „за да ja обезбеди зградата и да ги избрка натрапниците“.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 8, 2021