Трамп: Само Исус Христос е попознат од мене! (ВИДЕО)
Некој ми рече дека сум најпознатата личност на светот. Јас му реков не, не сум. Тогаш ме праша кој е попознат, а јас му одговорив дека тоа е Исус Христос - рече Трамп.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, не престанува да изненадува со своите чудни изјави за време на предизборната кампања.
Имено, на митинг во Северна Каролина, меѓу другото, Трамп рече дека само Исус Христос е попознат од него.
– Некој ми рече дека сум најпознатата личност на светот. Јас му реков не, не сум. Тогаш ме праша кој е попознат, а јас му одговорив дека тоа е Исус Христос – рече Трамп.