ТРАМП РЕЧЕ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАШТИТИ ЖЕНИТЕ, КАМАЛА МУ ОДГОВОРИ Дебатата за абортусот повторно се разгори во САД

Додека Трамп сака да ги придобие жените гласачи, Харис ги предупреди жените дека ако Трамп победи на 5 ноември ќе следат нови ограничувања како што беше поништувањето на федералните права за абортус кое го издејствува Трамп додека беше претседател назначувајќи тројца конзервативни судии во Врховниот суд.

338

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ги заштити жените без разлика дали тоа им се допаѓа или не, а неговата ривалка од партијата на Демократите Камала Харис му одговори дека тој не го разбира правото на жените сами да носат одлуки за сопствениот живот, вклучително и за своите тела.

– Патем, мислам дека тоа е навредливо за сите – рече Харис во Висконсин, пренесе Асошиејтед Прес.






Таа рече дека забелешката е дел од образецот на вознемирувачки изјави на Трамп. Харис, која е и потпретседателка на САД, рече дека тоа е „само најновата во долгата низа“ изјави на поранешниот претседател за неговите ставови за жените.

Трамп во средата на митинг во Висконсин призна дека неговите советници му рекле дека неговата изјава во врска со жените е многу несоодветна и да не ја користи.

Додека Трамп сака да ги придобие жените гласачи, Харис ги предупреди жените дека ако Трамп победи на 5 ноември ќе следат нови ограничувања како што беше поништувањето на федералните права за абортус кое го издејствува Трамп додека беше претседател назначувајќи тројца конзервативни судии во Врховниот суд.

 

Поврзани содржини