МИРОВНИОТ ПЛАН БЛОКИРАН Зеленски сè уште не го прочитал предлогот на САД, тврди Трамп

Трамп тврди дека Зеленски не е подготвен да го прифати мировниот план, додека разговорите меѓу Вашингтон и Киев завршија без напредок.

0

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не е подготвен“ да го потпише мировниот предлог на САД, со кој Вашингтон сака да стави крај на војната меѓу Русија и Украина. Оценката следи по тридневните разговори меѓу американските и украинските претставници, кои се одржаа во Флорида, но завршија без очигледен напредок.

– Малку сум разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот. Тоа беше пред неколку часа. На неговиот народ му се допаѓа, но тој не го направил – изјави Трамп во разговор со новинари.






Тој додаде дека, според неговите информации, Русија е подготвена да го прифати предложениот договор, но не е сигурен дали истиот му одговара и на Зеленски. Рускиот претседател Владимир Путин досега не го одобри планот на Белата куќа, иако минатата недела во Кремљ се одржа средба меѓу американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер и руските власти. Средбата, сепак, не донесе конкретен напредок.

Преговорите помеѓу американските и украинските претставници завршија во саботата, а Зеленски ги опиша како „конструктивни, иако не и лесни“, објави британскиот „Гардијан“.

Коментарите на Трамп доаѓаат во пресрет на денешната средба на украинскиот претседател во Лондон со британскиот премиер Кир Стармер, како и со лидерите на Франција и Германија, каде продолжуваат дипломатските обиди за изнаоѓање решение за конфликтот.

Поврзани содржини