ТРАМП РАЗГЛЕДУВА ЛИСТА ЗА ЗАТВОРАЊЕ АМЕРИКАНСКИ КОНЗУЛАТИ ШИРУМ СВЕТОТ Кои земји се на списокот?
Најголемиот број конзулати, кои би можеле да бидат затворени, се во Германија и во Франција, соопштија официјални лица.
Претставниците на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, размислуваат да затворат неколку американски конзулати и дипломатски претставништва ширум светот за да ги намалат трошоците во Стејт департментот, објави Ен-Би-Си њуз.
Конзулатите во Европа, Канада, Мексико и во Пацифичките острови се меѓу оние што би можеле да бидат затворени.
Официјални лица потврдија дека Трамп ја разгледал листата на конзулати, но дека сè уште не е донесена конечна одлука и дека не е поставена временска рамка за какви било потенцијални затворања.
Се разгледуваат и дополнителни владини активности кои би можеле да се спроведат во овие мисии, како што се воени контакти со други земји и собирање разузнавачки информации.
Најголемиот број конзулати, кои би можеле да бидат затворени, се во Германија и во Франција, соопштија официјални лица.
Стејт департментот побарал информации од конзулатите за нивното работење.