Трамп првпат во јавност со заштитна маска ФОТО

Кога сте во болница… мислам дека се очекува да носите маска - изјави тој при излегувањето од Белата куќа.

383

Американскиот претседател Доналд Трамп посети воена болница во предградието на Вашингтон и за првпат во јавност носеше заштитна маска поради пандемијата на коронавирусот.

– Кога сте во болница… мислам дека се очекува да носите маска – изјави тој при излегувањето од Белата куќа.






Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во САД, во која до сега се заразени повеќе од 3,2 милиони Американци, Трамп ги одбиваше препораките на епидемиолозите за носење маска во јавност.

Поврзани содржини