„ТРАМП ПРИФАТИ ПОНИЖУВАЧКО ПОВЛЕКУВАЊЕ“ Иранските државни медуми за постигнатото примирје

Според информации на иранското Врховно советодавно тело за безбедност, во Исламабад, со посредство на Пакистан, би можеле да траат до 15 дена.

289

Иранските државни медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп прифатил двонеделно примирје „под услови на Техеран“, оценувајќи ја неговата одлука како „понижувачко повлекување од анти-иранската реторика“.

Според информации на иранското Врховно советодавно тело за безбедност, преговорите меѓу Иран и САД треба да започнат на 10 април во Исламабад, со посредство на Пакистан, и би можеле да траат до 15 дена.






Разговорите ќе се фокусираат на финализирање на предлог од 10 точки, кој опфаќа прашања како транзитот низ Ормутскиот теснец, ублажување на санкциите и повлекување на американските сили од регионот.

Претходно, Трамп објави дека ќе ги прекине нападите врз Иран на период од две недели, под услов Техеран целосно да го отвори теснецот – клучна светска рута за транспорт на нафта.

Од Белата куќа, пак, потврдија дека и Иран се согласил на привремен прекин на огнот, но нагласија дека преговорите се во тек и дека нема конечен договор.

И покрај различните интерпретации од двете страни, најавените разговори во Исламабад се сметаат за прв сериозен дипломатски обид за деескалација по повеќенеделниот конфликт.

Поврзани содржини