ТРАМП ПОВТОРНО НА НИШАН Уапсен маж што му се заканувал со убиство
Уапсениот преку социјалните мрежи им се заканувал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, на неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот од Охајо, Џеј Ди Венс и на нивните семејства.
Полицијата во градот Џупитер, во американската сојузна држава Флорида уапси маж кој е обвинет дека преку социјалните мрежи им се заканувал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и на неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот од Охајо, Џеј Ди Венс, објавија денеска американските медиуми.
Според полицијата, уапсен е Мајкл В. Вајсман, кој е обвинет за упатување закани за убиство, пренесува Си-Би-Ес Њуз.
– Тој не даде отпор при апсењето и подоцна беше одведен во затворот во Палм Бич – изјави полицискиот службеник Дон Хенеси.
Градот Џупитер е 32 километри од резиденцијата на Трамп, Мар-а-Лаго во Палм Бич. Како што е наведено, Вајсман постојано преку Фејсбук им се заканувал на Трамп, Венс и на нивните семејства.