Трамп: Подготвен сум да прифатам евентуален пораз на изборите

Се разбира, доколку не победам, значи не сум победил. Е, тогаш ќе продолжам натаму и ќе се зафатам со други работи - изјави претседателот.

938

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека при евентуален неуспех на изборите ќе го признае поразот.

– Се разбира, доколку не победам, значи не сум победил. Е, тогаш ќе продолжам натаму и ќе се зафатам со други работи – изјави претседателот во интервју за телевизијата „Фокс Њуз“.






Тој беше замолен да даде коментар на изјавата на поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој е и негов ривал во претседателската трка, дека при пораз на актуелниот шеф на државата војската ќе треба да го изнесе од Белата куќа без да дочека процесот на пренесување на власта на новата администрација.

– Но Џо уште не е таму (во Белата куќа), сите тоа го знаат – реагираше Трамп.

Тој го прекори Бајден дека е страшливец и дека „се крие во подрумот, каде и да е, и не си заминува оттаму“. Според Трамп, „за земјата ќе биде многу тажно доколку поранешниот потпретседател биде избран за шеф на државата“.

Поврзани содржини