ТРАМП ПОДГОТУВА ПИСМА СО ЦАРИНСКИ СТАПКИ ЗА ПОМАЛИТЕ ЗЕМЈИ Ќе бидат повисоки од 10%

Американскиот претседател е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за воспоставување општи царини за повеќе од 20 земји.

60

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки, додавајќи дека неговата администрација веројатно ќе воведе царини од „малку повеќе од 10%“ на овие земји.

Трамп, разговарајќи со новинарите по пристигнувањето од настан во Питсбург, рече дека е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за воспоставување општи царини за повеќе од 20 земји, јавија британските медиуми.






-Наскоро ќе објавиме писмо каде што ќе зборуваме за многу земји што се значително помали. Веројатно ќе ставиме една царина на сите нив… Веројатно малку над 10% – рече тој.

Поврзани содржини