ТРАМП ПОД ИСТРАГА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДОВЕРЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ Добил официјално известување од обвинителите

Известувањето и почетокот на истрагата не мора да значат дека Трамп ќе биде обвинет. Тој вели дека истрагата е „политички мотивирана“.

105

Федералните обвинители го известиле поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека е цел на истрага за можна злоупотреба на доверливи материјали, јави Еј-би-си Њуз.

Ова се нови правни проблеми за поранешниот американски претседател, кој најавува дека ќе се бори за уште еден мандат во во Белата куќа на изборите во 2024 година.






Порталот „Политико“ во меѓувреме објави дека обвинителите му испратиле писмо на Трамп во кое го известиле дека е под истрага, но не го разјасниле предметот на таа истрага.

Министерството за правда вообичаено ги известува луѓето кога ќе бидат ставени под истрага за да им даде шанса да ги претстават сопствените докази пред Големата порота. Известувањето и почетокот на истрагата не мора да значат дека Трамп ќе биде обвинет.

Изборниот штаб на Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар, а адвокатите не биле достапни за коментар.

Трамп, кој се смета за фаворит во трката за републикански претседателски кандидат за изборите во 2024 година постојано обвинува дека истрагите против него се политички мотивирани.

Федералната Голема порота ги истражува индициите дека Трамп присвоил и однел со себе доверливи материјали откако ја напуштил Белата куќа во 2021 година.

Поврзани содржини