ТРАМП ПОБАРА КИНА ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО ОТВАРАЊЕТО НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Претседателот на САД не сака прекин на огнот со Иран

Порталот Аксиос денеска објави дека администрацијата на Трамп ја разгледува можноста за заземање или за поморска блокада на иранскиот остров Харг со цел да го принуди Техеран повторно да го отвори Ормускиот Теснец.

0

Ние не го користиме Ормускиот Теснец, во одреден момент, тој ќе се отвори сам по себе,  рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

– Би било убаво ако земјите што го користат теснецот, како Кина, се вклучат – рече Трамп пред медиумите.






На прашање за прекин на војната, тој рече:

– Не сакам прекин на огнот. Не се завршува кога буквално ја уништувате другата страна.

Трамп разговараше со новинарите пред Белата куќа пред да отпатува во својот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, за викендот.

На прашањето дали мисли дека Израел ќе биде подготвен да ја заврши војната кога тој ќе биде подготвен, тој рече: „Мислам дека да“.

– Мојот однос со Израел е многу добар. Сакаме слични работи, повеќе или помалку. Сакаме да победиме – рече тој.

На прашањето дали има план за иранскиот остров Харг во Перскискиот Залив, тој одговори: „Можеби имам план, можеби немам, но како би му кажал на новинар…“

– Тоа е место за кое луѓето зборуваат – рече американскиот претседател.

Порталот Аксиос денеска објави дека администрацијата на Трамп ја разгледува можноста за заземање или за поморска блокада на иранскиот остров Харг со цел да го принуди Техеран повторно да го отвори Ормускиот Теснец.

Како што наведуваат изворите на медиумот, Трамп не може да го заврши конфликтот под свои услови додека Иран ја контролира пловидбата низ теснината, што во меѓувреме го поттикнува порастот на глобалните цени на енергенсите.

Островот Харг, кој се наоѓа на околу 24 километри од иранскиот брег е клучен за нафтениот сектор на Иран, бидејќи околу 90 проценти од извозот на сурова нафта се реализира преку него, но евентуалната операција за негово заземање би можела директно да ги изложи американските сили на напади.

Си-Би-Ес Њус објави дека функционерите на Пентагон вршат детални подготовки за евентуално распоредување на американски копнени сили во Иран.

Високи воени команданти упатија конкретни барања за подготовка за опцијата, додека претседателот Трамп разгледува чекори во американско-израелскиот конфликт против Иран, меѓу кои и можноста за распоредување копнени сили во регионот, велат изворите за Си-Би-Ес Њус.

 

Трамп денеска, пак, на социјалната мрежа Трут соушл објави дека „сме многу блиску до постигнување на целите додека размислуваме за намалување на нашите големи воени напори на Блискиот Исток во однос на терористичкиот режим на Иран“.

Тој наведе 5 цели: Целосно уништување на ракетните капацитети на Иран, местата за лансирање и сè што е поврзано со нив, уништување на одбранбената индустриска база на Иран, уништување на нивната морнарица и воздухопловни сили, вклучително и противвоздушното оружје. Како четврта цел наведе никогаш да не се дозволи Иран да се приближи до нуклеарен капацитет и секогаш да се биде во позиција САД да реагираат брзо и енергично на таква ситуација, доколку се случи. Последната цел е заштита, на највисоко ниво, на американските сојузници на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Израел, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Кувајт и други.

За Ормускиот Теснец претседателот на САД напиша дека мора да биде заштитен и следен, по потреба, од други земји што го користат.

„Доколку нè прашаат, ние ќе им помогнеме на тие земји во нивните напори поврзани со Ормускиот Теснец, но тоа нема да биде потребно откако ќе се отстрани заканата од Иран. Важно е дека тоа ќе биде лесна воена акција за нив“, објави Трамп.

КУКАВИЦИ, ЌЕ ВИ ГО ЗАПОМНИМЕ ОВА! Трамп распали по НАТО, го нарече тигар од хартија

Поврзани содржини