ТРАМП ПО ТРЕТПАТ ГИ МЕША ЕРМЕНИЈА И АЛБАНИЈА Шефот на САД зборуваше како го донел мирот во Азербејџан

Сетете се дека го решивме конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија кој траеше со години, рече шефот на САД, не забележувајќи дека направил нов гаф.

123

Самоуверено, со насмевка и уверување дека направил историја, Доналд Трамп изјавил дека посредувал за мир меѓу Азербејџан и Албанија – две земји што никогаш немале територијален спор.

На прес-конференцијата со британскиот премиер Кир Стармер, американскиот претседател уште еднаш ја замени Ерменија со Албанија, што е трет ваков гаф во краток временски период.






Првиот пат тоа се случило во интервју со конзервативниот водител Марк Левин, кога Трамп говорел за конфликтот на Кавказот и рекол дека се одвивал меѓу „Азербејџан и Албанија“. Слична грешка повторил и на емисија на „Фокс њуз“, што предизвикало потсмев и критики на социјалните мрежи.

– Сетете се дека го решивме конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија кој траеше со години – рече Трамп, не забележувајќи дека направил нов гаф коментирајќи геополитика.

Од подиумот, тој се осврнал и на состанокот во Овалната канцеларија, на кој – според него – претседателите на Ерменија и Азербејџан најпрвин седеле далеку еден од друг, но на крајот „се изгрлиле“.

– Прво беа оддалечени како двајца непријатели. По еден час разговор, се приближија и на крајот – сите се изгушкавме – изјави Трамп.

Од Белата куќа било соопштено:

„На 8 август беше потпишан меморандум за разбирање во седум точки, меѓу американскиот претседател, ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.“

Со документот, двете земји се обврзале да постигнат финален мировен договор, што би ставил крај на спорот околу Нагорно Карабах, кој трае од 80-тите години на минатиот век.

Трамп притоа го нарекол договорот „историски чекор кон траен мир на Кавказот“.

Не му е првпат на Трамп да ги помеша Ерменија и Албанија. Во август 2025 година, во интервју со конзервативниот водител Марк Левин, американскиот претседател говорел за конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија, но наместо Јереван, рекол Тирана.

– Тоа беше голем конфликт, траеше 34, 35 години меѓу Азербејџан и Албанија – изјавил Трамп, очигледно мислејќи на Ерменија.

Медиумите наведуваат дека „денови пред тоа“ имало уште една изјава на „Фокс њуз“ каде шефот на САД исто така рекол „Азербејџан и Албанија“ наместо „Ерменија“.

Поврзани содржини