Трамп: По Линколн, јас сум најдобар за црнечкото население!

Бајден го критикуваше Трамп дека ја искористил кризата за да им се допадне на своите приврзаници, велејќи дека тој „служи на страстите на неговата база“. 

393

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изјави дека тој направил повеќе за црнечката заедница во САД од кој било претседател со „можен исклучок на друг републикански претседател, покојниот, голем, Абрахам Линколн“.

Трамп оцени дека тој направил повеќе за црната популација отколку што неговиот веројатен политички опонент на претседателските избори од Демократската партија Џо Бајден што направил за 43 години, јави Би Би Си.






Бајден го критикуваше Трамп дека ја искористил кризата за да им се допадне на своите приврзаници, велејќи дека тој „служи на страстите на неговата база“. 

Поврзани содржини