ТРАМП ПЛАНИРА ПОСЕБНИ ВИЗИ ЗА БОГАТИТЕ МИГРАНТИ ВО САД, НЕ СЕ ИСКЛУЧЕНИ НИ РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ Колку чинат „златните карти“ за ветената земја?

Богати луѓе ќе влезат во нашата земја со купување на оваа карта. Тие ќе бидат богати и ќе бидат успешни, ќе трошат многу пари и ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.

178

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги објави плановите за нова програма за визи со која ќе се доделат права за постојан престој во САД за такса од 5 милиони долари.

Говорејќи во Белата куќа, Трамп рече дека таканаречената „златна карта“ ќе привлече богати луѓе кои би можеле да придонесат во економијата.






– Богати луѓе ќе влезат во нашата земја со купување на оваа карта. Тие ќе бидат богати и ќе бидат успешни, ќе трошат многу пари и ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе – изјави Трамп.

На прашањето дали може да се пријават и руски олигарси, Трамп одговори дека тоа е можно, додавајќи дека може да замисли и олигарси да бидат меѓу заинтересираните.

– Мислам дека можат да си дозволат 5 милиони долари – додаде тој.

Трамп рече дека програмата ќе почне за околу 2 недели и е наменета да ја замени постоечката инвеститорска виза EБ-5, а истовремено да понуди и пат до државјанство.

Поврзани содржини