📽️ ТРАМП ОТКРИ КАКО РЕШИЛ 9 ВОЈНИ ВО СВЕТОТ Зошто не ти успеа со Путин, го праша водителката
Колку ги решив? Косово – Србија, Конго и Руанда..., почна да набројува шефот на САД велејќи дека во „60 проценти од случаите“ им се заканувал на државите со царини ако не го прекинат војувањето.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во интервју за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес, извади листа со девет конфликти за кои тврдеше дека ги решил. Во листата ги спомна Косово и Србија, Камбоџа и Тајланд, Конго и Руанда, Индија и Пакистан, Египет и Етиопија, Ерменија и Азербејџан, Израел и Иран, како и Израел и Хамас.
– Донесов мал список, видете ова — војни. Колку ги решив? Косово – Србија, Конго и Руанда… – изјави Трамп.
Притоа, додаде дека во „60 проценти од случаите“ им се заканувал на државите со царини ако не го прекинат војувањето.
Trump brought printouts to his 60 Minutes interview of the “wars” he’s “ended” pic.twitter.com/MdUpnABkE2
— Aaron Rupar (@atrupar) November 3, 2025
Според некои американски аналитичари, ниту еден од наведените конфликти не бил активна војна во времето кога Трамп го објави договорот меѓу Косово и Србија во 2020 година. Тогашниот договор, наречен „Спогодба за економска нормализација“, беше потпишан во Белата куќа, но без конкретни обврски за прекин на непријателства.
Новинарката Нора О’Донел го праша Трамп зошто ваквата тактика не функционира со рускиот претседател Владимир Путин.
– Мислам дека функционира со Путин. Само што со Русија не тргуваме многу, но мислам дека тој би сакал тоа да го прави – истакна Трамп.
Понатаму, на прашање дали може да го заврши војниот конфликт во Украина во следните месеци, тој изјави дека „ќе го направи тоа“ и дека верува оти „Путин сака да соработува со Америка“.