📽️ ТРАМП ОТКРИ ДАЛИ ЌЕ ГО ПОМИЛУВА РАПЕРОТ ДИДИ Порано беа пријатели

Доналд Трамп изјави дека ќе му биде „тешко“ да го помилува раперот Шон Диди Комбс, кој неодамна беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за поттикнување проституција.

985

Доналд Трамп изјави дека ќе му биде „тешко“ да го помилува раперот Шон Диди Комбс, кој неодамна беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за поттикнување проституција.

Иако казната што ќе ја добие сè уште е непозната, музичкиот могул Шон Диди Комбс побара привремено ослободување од притвор до изрекувањето на пресудата на 3 октомври, но се чини дека дотогаш ќе остане зад решетки.






Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во минатото помилувал разни јавни личности, вклучувајќи го НБА раперот Јангбој (кој беше обвинет за поседување оружје) и ријалити шоу парот Тод и Џули Крисли (кои беа осудени за даночна измама), сега беше прашан дали би го сторил истото за Диди.

Иако призна дека „се сложувале добро“, додаде дека односот станал многу постуден кога влегол во политиката и станал претседател на Соединетите Американски Држави.

 


„Бевме пријателски настроени, изгледаше како добар човек. Но, штом се кандидирав, стана многу непријателски настроен“, рекол Трамп во интервју за „Њузмакс“.

Трамп ја потсети јавноста дека Диди претходно го нарекувал со разни погрдни имиња. Во 2017 година, тој јавно изјави дека не му е гајле за Трамп, додека во 2020 година рече: „Белите луѓе како Трамп мора да бидат отстранети. Приоритет број еден е да се отстрани Трамп од функцијата“.

Поврзани содржини