Трамп од вчера нема симптоми на ковид-19

Во изјавата објавена со дозвола на Трамп, Конли рече дека претседателот немал температура повеќе од четири дена и дека не му треба дополнителен кислород за време на хоспитализацијата.

342

Американскиот претседател Доналд Трамп немаше симптоми на ковид-19 во последните 24 часа, а физичкиот преглед и виталните знаци покажуваат дека неговата состојба е стабилна, изјави денеска лекарот на Белата куќа, Шон Конли.

Во изјавата објавена со дозвола на Трамп, Конли рече дека претседателот немал температура повеќе од четири дена и дека не му треба дополнителен кислород за време на хоспитализацијата.






Лекарот исто така рече дека во крвта на претседателот се откриени антитела на ковид-19.

Трамп беше хоспитализиран во петокот, откако тестовите покажаа дека е позитивен на ковид-19. Во понеделникот се врати во Белата куќа.

Поврзани содржини