ТРАМП НЕОДГОВОРНО СЕ ЗАКАНУВА СО ГНАСНОТО ОРУЖЈЕ Иран бара светот да ги повика САД на одговорност

„Продолжувањето на нуклеарните тестирања е регресивна и неодговорна мерка што претставува сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност“ – напиша иранскиот министер за надворешни работи.

702

Иран ја осуди и ја нарече „неодговорна“ изјавата на американскиот претседател, Доналд Трамп, за продолжување на нуклеарните тестирања.

„Продолжувањето на нуклеарните тестирања е регресивна и неодговорна мерка што претставува сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност. Светот мора да се обедини за да ги повика САД на одговорност за нормализацијата на ширењето на ова гнасно оружје“, напиша шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, рано утринава на платформата Х.






Непосредно пред средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД да „започне со тестирање“ на американското нуклеарно оружје, по тридецениска пауза откако неговиот руски колега Владимир Путин го „провоцираше“ со тестирањето подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје.

„Поради програмата за тестирање што ја спроведуваат други земји, јас самиот побарав од Министерството да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Овој процес ќе започне веднаш“, напиша Трамп вчера на мрежата Трут соушл.

Поврзани содржини