Трамп: Нема да ја затвориме земјата во случај на втор бран

252

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека во случај на втор бран од коронавирсуот ковид-19 нема да воведе карантин и да ја затвори земјата.

– Имаме намера да го изгаснеме огнот, нема да ја затвораме земјата – рече Трамп одговарајќи на прашање за можен втор бран на пандемијата при посетата на фабрика на „Форд“ во Мичиген.






Педесет американски држави кои презедоа рестриктивни мерки се во фаза на нивно олабавување.

Трамп претходно изјави дека епидемијата сè уште може да тлее на некои места, но дека вирусот ќе исчезне во текот на летото.

Сепак, според медицинските експерти, вклучително и оние од администрацијата на Трамп, ширењето на коронавирусот најверојатно ќе продолжи и во текот на есента и зимата, а борбата ќе стане уште потешка кога ќе започне сезоната на грип.

Директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести и член на кризниот штаб на Белата куќа за коронавирусот, Ентони Фаучи за „Вашингтон пост“ изјави дека нема сомнеж дека ќе има нов бран на епидемијата.

Поврзани содржини