Трамп: Нема да ја затвориме економијата поради пораст на новозаболени од ковид-19

Коментарите на Трамп доаѓаат откако економскиот советник во Белата куќа, Лери Кудлоу и секретарот за финансии Стивен Мнучин изјавија дека САД не може повторно да ја затворат економијата.

471

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да ја затворат повторно економијата затоа што неколку сојузни држави соопштија за зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус.

– Нема да ја затвориме земјата повторно. Нема да мораме да го сториме тоа – рече Трамп во интервју за каналот Фокс њуз.






Коментарите на Трамп доаѓаат откако економскиот советник во Белата куќа, Лери Кудлоу и секретарот за финансии Стивен Мнучин изјавија дека САД не може повторно да ја затворат економијата.

Анализата покажа дека бројот на  заразени со коронавирусот се зголемил во најмалку 14 американски држави.

Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи предупреди дека САД продолжуваат да се соочуваат со првиот бран на коронавирусот, истакнувајќи дека е загрижен поради појавата на нови жаришта во земјата.

Поврзани содржини