Коронавирусот можеше да запре во Кина. Можеше да запре кај самиот извор. Можеше да се направи тоа лесно, но нешто се случи. Тоа беше огромна грешка на Кинезите или некомпетентност. Некој беше глупав и не ја заврши работата што требаше да ја направи и ова се случи, рече американскиот претседател Доналд Трамп на прес конференцијата во Белата куќа.
САД има регистрирано повеќе од 76.000 смртни случаи до денес, а наскоро ќе надмине 1,3 милиони заразени.
Американскиот претседател изминативе месеци беше под сериозна критика за начинот на кој ја води земјата во криза. Се верува дека тој не го подготвил системот за здравствена заштита навреме и не ја презеде одговорноста откако САД стана епицентар на пандемијата. Повеќе од 30 милиони луѓе во земјата ги загубиле своите работни места, а тој ја обвини Светската здравствена организација (СЗО) дека ѝ помогнала на Кина да ги скрие доказите за ширењето на вирусот и затоа го прекинала нивното финансирање. САД беше најголемиот донатор во светот на СЗО со повеќе од 500 милиони долари годишно.