Трамп не сфаќа дека изборите завршија или се подготвува за следните избори? (ВИДЕО)
На видеото се повторуваат неговите тврдења дека се залага за правата на работниците и вооружените сили, а поради впечатокот кој видеото го остава, многумина сметаат дека Трамп всушност се подготвува за нова претседателска трка во 2024-та година.
На околу еде месец пред да ја напушти Белата куќа и да му ги предаде клучевите на новиот американски претседател Џо Бајден, актуелниот шеф на САД објави видео кое наликува на предизборен спот.
На видеото се повторуваат неговите тврдења дека се залага за правата на работниците и вооружените сили, а поради впечатокот кој видеото го остава, многумина сметаат дека Трамп всушност се подготвува за нова претседателска трка во 2024-та година.
Видеото започнува со сцени од Белата куќа и Трамп, додека се појавуваат пораките „Трамп се залага за Америка“ и слично. Во спотот се нагласува дека Трамп се залага за слобода, правда, воена моќ, мир, ред и американското знаме. Видеото завршува со сцена на која Трамп го прегрнува американското знаме.
Видеото досега е прегледано 5,7 милиони пати, а споделено е над 60 илјади пати.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 28, 2020