ТРАМП НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД OТПУШТАЊЕ СЛУЖБЕНИЦИ Судот нареди да бидат вратени, американската влада поднесе нов предлог
Американското министерство за правда побара од Врховниот суд да ја блокира наредбата од 13 март со која на шест федерални агенции им наредува да вратат илјадници работници на пробна работа.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го поднесе својот предлог за намалување на бројот на федералните вработени до Врховниот суд, оспорувајќи ја судската одлука за враќање на илјадници отпуштени државни службеници.
Министерството за правда побара од Врховниот суд да ја блокира наредбата од 13 март на американскиот окружен судија во Сан Франциско, Вилијам Алсоп, со која на шест федерални агенции им наредува да вратат илјадници работници на пробна работа, кои биле скоро вработени, а сега отпуштени како дел од кампањата на Трамп за намалување и реструктуирање на владата.