ТРАМП НЕ СЕ ДВОУМИ ДА РАСПОРЕДИ АМЕРИКАНСКИ СИЛИ ЗА ОДБРАНА НА САД И НА СОЈУЗНИЦИТЕ Американскиот претседател рече дека непријателствата меѓу Индија и Пакистан се решени
Како претседател, мој приоритет е да се завршат конфликтите, а не нивно започнување, рече претседателот на САД, Доналд Трамп.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска за време на посетата на најголемата американска воена база на Блискиот Исток, која се наоѓа во Катар, изјави дека негов приоритет е „прекин на конфликтите, а не нивно започнување“.
– Како претседател, мој приоритет е да се завршат конфликтите, а не нивно започнување. Но, нема да се двоумам да распоредам американски сили доколку е потребно за да ги заштитам САД и нашите партнери – рече тој пред американските сили во Катар, една од земјите кои ги посети во рамки на неговата турнеја низ Блискиот Исток.
Трамп рече и дека непријателствата меѓу Индија и Пакистан се решени и ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната.
– Двете страни се задоволни од развојот на настаните – додаде Трамп.