ТРАМП НЕ САКА ДА ПРИСУСТВУВА НА ЕВЕНТУАЛНИОТ СОСТАНОК МЕЃУ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ За две недели ќе се знае дали е можен напредок во преговорите за Украина

Трамп рече дека не е задоволен од ниту еден аспект од мировните напори и дека има многу омраза меѓу завојуваните страни.

156

Во рок од две недели ќе знае дали е можен напредок во напорите за ставање крај на војната во Украина, рече денеска американскиот претседател Доналд Трампи. Тој повторно ја отвори можноста за воведување санкции врз Москва.

– Ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека за две недели ќе знаеме во која насока одиме – рече Трамп на прес-конференција во Овалната соба.






Тој додаде дека по тие две недели ќе донесе одлука дали да воведе „масовни санкции“ или не.

Трамп рече дека не е задоволен од ниту еден аспект од мировните напори и дека има многу омраза меѓу завојуваните страни.

Истакна дека не би сакал да биде присутен на евентуална средба меѓу претседателите на Украина и на Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин.

– Ќе видиме дали Путин и Зеленски ќе соработуваат. Знаете, тие се како масло и оцет. Тие навистина не се сложуваат од очигледни причини, но ќе видиме. Ќе видиме дали ќе морам да бидам таму, што не би ми се допаднало – рече Трамп, додавајќи дека посакува Зеленски и Путин да одржат состанок сами.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија прави сè што е во нејзина моќ за да спречи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.

Поврзани содржини