ТРАМП НЕ ОДИ НА ДЕБАТА СО РЕПУБЛИКАНСКИТЕ ПРОТИВКАНДИДАТИ Неговиот тим ја смета номинацијата за готова работа

Трамп остро ја критикуваше политиката на претседателот Џо Бајден за електричните возила и ги повика вработените во автомобилската индустрија да ја поддржат неговата кандидатура.

412

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп планира да одржи говор во Детроит на 27 септември пред членови на синдикатите, што значи дека ќе ја прескокне и втората претседателска дебата на Републиканците. Ова го соопшти еден од соработниците на Трамп и додаде дека Трамп ќе се обрати пред синдикатот на работниците во автомобилската индустрија.

Говорот доаѓа откако Трамп остро ја критикуваше политиката на претседателот Џо Бајден за електричните возила и ги повика вработените во автомобилската индустрија да ја поддржат неговата кандидатура.






Ова ќе биде вторпат Трамп да ја одбегне претседателската дебата на републиканците, иако според рејтингот, и покрај безброј правни проблеми, Трамп води пред другите противкандидати со речиси 50 процентни поени, покажуваат најновите анкети.

Говорот на Трамп и игнорирањето на републиканската дебата сигнализираат дека неговиот тим ја смета партиската номинација за завршена работа и веќе се подготвува за реванш со Бајден на општите избори следниот ноември.

Поврзани содржини