ТРАМП НЕ ИСКЛУЧУВА ВОЕНА СИЛА ЗА ДА ГО ПРИПОИ ГРЕНЛАНД Продолжува препирката меѓу Вашингтон и Копенхаген

Ова е светски мир, ова е меѓународна безбедност, вели американскиот претседател но додава: „Јас не симнувам ништо од масата. Ќе го добиеме Гренланд. Да, 100% “.

218

Американскиот претседател Трамп во интервју за Ен-Би-Си Њуз изјави дека „никогаш не би ја симнал воената сила од масата“ за да го добие островот Гренланд, но вели дека верува дека постои „добра можност“ тоа да се направи без прибегнување кон сила.

Тајмс оф Израел. пишува дека Трамп продолжува со агресивниот тон во врска со островот.






– Ова е светски мир, ова е меѓународна безбедност – вели тој, но додава: „Јас не симнувам ништо од масата. Ќе го добиеме Гренланд. Да, 100% “.

Запрашан каква порака би испратила купувањето на Гренланд до Русија и остатокот од светот, Трамп вели:

– Навистина не размислувам за тоа. Не ми е баш гајле.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, во петокот го посети Гренланд и упати порака до Данска, под чија админситрација е островот.

– Нашата порака до Данска е многу едноставна – вие не завршивте добра работа од народот на Гренланд.

Коментарите уследија откако данскиот министер за надворешни работи ја искара администрацијата на Трамп за нејзиниот „тон“ во критикувањето на Данска и Гренланд, велејќи дека неговата земја веќе инвестира повеќе во безбедноста на Арктикот и останува отворена за поголема соработка со САД.

Министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен ги даде забелешките во видео објавено на социјалните мрежи по напнатата посета на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на стратешкиот остров.

„Изнесени се многу обвинувања. И, се разбира, ние сме отворени за критики“, вели Расмусен зборувајќи на англиски. „Но, дозволете ми да бидам целосно искрен: не го цениме тонот со кој се испорачува. Вака не се зборува со вашите блиски сојузници. И јас сè уште ги сметам Данска и Соединетите држави за блиски сојузници“.

За време на неговата посета минатата недела, Венс рече:

Гренланд е територија на Данска, која е сојузник на САД во НАТО. Трамп сака да ја анектира територијата, тврдејќи дека е потребна за цели на националната безбедност.

Поврзани содржини