КИНЕЗИТЕ ПАЛАТ РАКЕТИ КОН ТАЈВАН, ТРАМП Е МИРЕН? „Џинпинг ми е пријател, не верувам дека ќе го направи тоа“

Имам добри односи со Си, не гледам причина за загриженост, изјавил Трамп запрашан за најголемите досега воени маневри на Кина во водите на Тајван.

531

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека „не е загрижен“ од најновите кинески воени вежби околу Тајван, додавајќи дека има „одличен однос“ со кинескиот лидер Си Џинпинг.

– Не верувам дека ќе го прави тоа – рекол Трамп, алудирајќи на можноста за вистинска инвазија, пренесува „Гардијан“.






Кинеската Народноослободителна армија втор ден врши масовни маневри со боева муниција, лансирајќи ракети во Тајванскиот теснец и опкружувајќи го островот со десетици бродови, ловци и беспилотни летала.

Министерството за одбрана на Тајван соопштило дека во изминатите 24 часа биле забележани 130 кинески авиони и 14 воени бродови, при што 90 летала ја преминале средната линија на теснецот.

„Мисија на правдата 2025“, така Пекинг ги нарекол вежбите што, според извори на американската разузнавачка заедница, се дел од поширока подготовка за можен напад до 2027 година. Кина тврди дека Тајван е нејзина покраина и интензивно користи воени и дипломатски средства за да го изолира островот меѓународно.

 

Трамп, кој неодамна се сретна со Си, изјави дека темата Тајван не била отворена на нивниот разговор и најави можна посета на Пекинг следната година. И покрај зголемената напнатост, американскиот претседател нагласи дека нема причина за паника:

– Имам добри односи со Си, не гледам причина за загриженост – рекол тој.

Тајпеј, пак, останува на штрек. Воениот штаб потврдил дека активирал борбени авиони и крајбрежни ракетни системи како одговор на кинеските активности.

САД, иако најголем поддржувач на Тајван, досега воздржано реагираат.

Аналитичарите предупредуваат дека вежбите на Пекинг се најголем тест на стабилноста во Пацификот во последната деценија.

 

Поврзани содржини