ТРАМП НЕ Е МЕЃУ 400 НАЈБОГАТИ АМЕРИКАНЦИ За време на пандемијата, неговото богатство се намали за околу 600 милиони долари
Се проценува дека Трамп во моментов е „тежок“ 2,5 милијарди долари, што му остава 400 милиони долари под лимитот за овогодишната листа на најголеми американски милијардери.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп веќе не е доволно богат за списанието „Форбс“ да го вклучи во листата на 400 најбогати Американци.
Се проценува дека Трамп во моментов е „тежок“ 2,5 милијарди долари, што му остава 400 милиони долари под лимитот за овогодишната листа на најголеми американски милијардери.
Минатата година, Трамп беше на 339 место на листата на најбогати, но „Форбс“ наведува дека оваа година тој не влезе во првите 400, бидејќи неговото богатство е намалено за 600 милиони долари од почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Според „Форбс“, технолошките акции, криптовалутите и другите средства „цветаа“ за време на пандемијата.
Но, недвижностите во големите градови, кои го сочинуваат најголемиот дел од богатството на Трамп, не поминаа добро.
Трамп е на листата на најбогати Американци секоја година од 1996 година. Неговиот пад започна во 2016 година.
Според проценките, Трамп беше на врвот на своето богатство во 2015 година, кога беше „тежок“ 4,5 милијарди долари.
Следната година, богатството беше во вредност од 3,7 милијарди долари, а од 2017 до 2019 година, 3,1 милијарди долари.
Трамп постојано повторуваше дека неговиот претседателски мандат го чинеше милијарди долари.
Американските медиуми наведуваат дека Доналд Трамп е најверојатно републикански кандидат за претседателската трка во 2024 година.