ТРАМП НАШОЛ КУПЕЦ ЗА ТИК-ТОК, СЕ ЧЕКА „ДА“ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КИНА Цената на апликацијата може да надмине 300 милијарди долари

Сѐ уште не е познато за колку пари „Бајтденс“ би се согласила да го продаде Тик-Ток, но варираат проценките за вредноста на апликацијата која има околу 170 милиони корисници во САД.

727

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека пронашол купувач за апликацијата Тик-Ток, објави Форбс.

– Мислам дека ќе ми треба одобрување од Кина и мислам дека претседателот Си (Џипинг) веројатно ќе го дозволи тоа – изјави Доналд Трамп за водителката на Фокс њуз, Марија Бартиромо, во нејзината емисија „Сандеј морнинг фјучрс“, но не откри дополнителни детали за договорот.






Трамп не откри детали за потенцијалниот купувач, наведувајќи:

– Ќе ви кажам за 2 недели.

Тик-Ток не одговори веднаш на барањето за коментар од Форбс.

Конгресот во март 2024 година го усвои Законот за заштита на Американците од апликации, контролирани од странски противници, со кој се бара од Бајтденс да ја продаде апликацијата Тик-Ток на американски сопственик, инаку ќе се соочи со забрана за работа во САД. Законот беше усвоен со поддршка од двете партии и беше потпишан од тогашниот претседател Џо Бајден во април 2024 година, но „Бајтденс“ веднаш ја оспори неговата законитост. Апликацијата веќе беше забранета на уредите на федералната влада и во неколку држави поради безбедносни причини.

Трамп, кој првично се обиде да го забрани Тик-Ток со извршна наредба во својот прв мандат, ја смени позицијата откако неговата кампања во 2024 година почна да ја користи апликацијата за да се доближи до младите гласачи. Забраната беше потврдена од Врховниот суд во јануари, но администрацијата на Трамп трипати ја одложи нејзината примена, последно на 17 јуни.

Колку вреди Тик-Ток?

Сè уште не е јасно по која цена „Бајтденс“ би ја продала апликацијата Тик-Ток. Проценките за вредноста на оваа исклучително популарна апликација – која, според компанијата, има 170 милиони корисници во САД – се движат од 30 до над 300 милијарди долари. Меѓу шпекулираните потенцијални купувачи се технолошки гиганти како Мајкрософт и Оракл, но и милијардери како поранешниот сопственик на ЛА Доџерс, Френк МекКорт, и поранешниот извршен директор на „Активижн Близард“, Боби Котик. Поранешниот министер за финансии на Трамп, Стив Мнучин, исто така, предложи да ја купи апликацијата со група инвеститори.

 

Поврзани содржини