Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вакцината против новиот коронавирус ќе биде откриена до крајот на оваа година.
– Сметаме дека ќе ја имаме вакцината до крајот на оваа година. Лекарите ќе речат: Не смеете да го кажете тоа. Но, јас го кажувам она што мислам… Ние притискаме напорно и голем број на фармацевтски групи се, мислам, многу блиску – рече Трамп во изјавата за „Фокс њуз“.
На прашањето каква би била неговата реакција доколку друга земја ја открие вакцината пред САД, Трамп рече дека нема да се грижи.
– Не ми е грижа. Само сакам да имам вакцина што функционира – рече тој.
Според Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, околу стотина проекти во тек се низ целиот свет за да се најде вакцина против коронавирусот, а се спроведуваат и десетина клинички испитувања.
Изразувајќи ја својата волја да ѝ дозволи на земјата да ги продолжи своите активности на внимателен начин, но „што е можно побргу“, американскиот претседател беше оптимист за економските изгледи.
– 2021 година ќе биде неверојатна – нагласи Трамп, бранејќи ги своите постапки уште еднаш од почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Во САД, речиси 1.200.000 луѓе беа заразени од коронавирусот и над 68.000 смртни случаи.
– Мислам дека спасивме милиони животи – истакна тој.