ТРАМП НАЈАВИ КРАЈ НА БРИКС Новите членки ги плаши со високи царини на сите производи
Трамп истакна дека политиката на САД со заканата од тарифи била одлучувачки фактор за повлекувањето на земјите од планираното членство во економскиот сојуз БРИКС.
Претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека сите земји што сакаа да бидат дел од БРИКС се откажаа од тие амбиции поради американските царински тарифи.
– Им кажав на сите што сакаат да бидат во БРИКС дека е во ред, но дека ќе воведеме тарифи за нивните земји. Сите истапија напред. Сите се откажаа од БРИКС. БРИКС е напад врз доларот и реков „ако сакате да ја играте таа игра, ќе ставам тарифи на сите ваши производи што влегуваат во САД“. Тие рекоа, како што реков, „го напуштаме БРИКС“… Тие дури и не зборуваат за тоа веќе… – рече Трамп на состанокот со аргентинскиот претседател Хавијер Милеј.
Трамп истакна дека политиката на САД со заканата од тарифи била одлучувачки фактор за повлекувањето на земјите од планираното членство во економскиот сојуз БРИКС.
На почетокот на јули, Трамп им се закани на земјите што ја поддржуваат политиката на БРИКС со дополнителни царини од 10%.