Трамп најави 100 милиони дози од вакцината против ковид-19

Откако Агенцијата за лекови ја одобри вакцината… ќе можеме да дистрибуираме 100 милиони дози до крајот на 2020 година и значителен број многу пред тоа, посочи Трамп.

253

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најмалку 100 милиони дози вакцина против новиот коронавирус би можеле да бидат дистрибуирани во САД до крајот на годината.

– Откако Агенцијата за лекови ја одобри вакцината… ќе можеме да дистрибуираме 100 милиони дози до крајот на 2020 година и значителен број многу пред тоа, посочи Трамп.






Претходно, директорот на Центарот за конторла и превенција на болести Роберт Редфилд изјави дека вакцината против ковид-19 би можела да се најде во широка употреба до средината на следната година или малку подоцна.

Поврзани содржини