Трамп: На Америка ѝ требаат луѓе како Путин, Си и Ердоган
И ние мораме да имаме некој таков. Имаме работа со луѓе кои со нас би направиле нешто многу лошо доколку би добиле шанса. Треба да бидеме многу попаметни од тие луѓе, изјавил Трамп.
Претседателоте на Русија, на Кина и на Турција, Владимир Путин, Си Џинпинг и Реџеп Ердоган се паметни луѓе со остар ум, а токму такви луѓе ѝ се потребни на Америка, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп за „Fox News“.
– И ние мораме да имаме некој таков. Имаме работа со луѓе кои со нас би направиле нешто многу лошо доколку би добиле шанса. Треба да бидеме многу попаметни од тие луѓе. На пример, мојот противник на претстојните претседателски избори Џо Бајден, треба да направи тест за когнитивни способности – вели Трамп.
Според него, Бајден нема да биде добар американски лидер, а како што вели, со оглед на квалитетите на странските лидери, претседателот на Америка мора да биде човек со остар ум.
Инаку, претседателските избори во САД треба да се одржат во ноември годинава.