ТРАМП МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПУТИН ДЕКА ЌЕ ЈА БОМБАРДИРА МОСКВА? Шефот на САД се фалел на приватна вечера во 2024 година

На снимката која ја објави Си-Ен-Ен, шефот на САД тврди дека неговиот руски клега не ја сфатил сериозно заканата, „но ми веруваше 10 проценти“.

1,840

Американскиот претседател Доналд Трамп на приватна вечера во 2024 година изјавил дека се обидел да го одврати рускиот претседател Владимир Путин од напад врз Украина, заканувајќи му се дека ќе ја бомбардира Москва, тврди Си-Ен-Ен.

Познатиот американски медиум вели дека поседува ексклузивна аудио-снимка од вечерата која била добиена од новинарите.






Автентичноста на снимката не е потврдена. Исто така, тимот на Трамп засега не одговори на барањата на Си-Ен-Ен за коментар.

– Му реков на Путин: „Ако влезете во Украина, ќе ја бомбардирам Москва. Немам избор“ – вели на снимката шефот на САД пред своите донатори за претседателски избори во 2024 година.

Трамп понатаму тврди дека Путин не ја сфатил сериозно заканата, „но ми веруваше 10 проценти“ , пренесе ДејлиБист, повикувајќи се на Си-Ен-Ен.

Според Си-Ен-Ен, Трамп исто така пред донаторите тврдел дека упатил слична закана кон кинескиот претседател во врска со Тајван:

– Му ја реков истата работа на претседателот Си Џинпинг… Ако влезеш во Тајван, пеколно ќе го бомбардирам Пекинг. Тој мислеше дека сум луд… никогаш немавме проблем.

Веста дека Трамп му се закнувал Путин ја објавија новинарите Џош Дози, Тајлер Пејџер и Исак Арнсдорф во нивната книга „2024 : How Trump Retook the White House and the Democrats Lost America“.

 

Трамп во последно време ја засили својата реторика за Путин и отворено рече дека размислува за санкции кон Москва. Одговарајќи на новинарски прашања во вторникот, 8 јули, тој изјави дека „Путин нè опсипа со многу гомненици“.

– Путин нè опсипа со многу гомненици, ако сакате да ја знаете вистината. Тој е многу фин цело време, но се покажува дека е глупост. Тој постојано зборува љубезно со нас, но тоа не значи ништо – рече Трамп.

На прашањето дали има намера да воведе дополнителни санкции врз Русија, тој рече: „Размислувам за тоа“, но одби да даде детали за следните чекори, шефот на САД изјави:

– Не би ви го кажал тоа сега, сакаме мало изненадување.

Коментирајќи го неодамнешното прекинување на испораките на оружје за Украина, Трамп рече дека не знае кој ја донел одлуката за нивно прекинување.

 

Поврзани содржини