🎥 ТРАМП МУ ПОКАЖА СРЕДЕН ПРСТ НА РАБОТНИК НА „ФОРД“ И МУ РЕЧЕ „ЕБИ СЕ“ Работникот му извикуваше дека е заштитник на педофили
Апсолутен лудак неконтролирано извикуваше навреди во целосен излив на бес, а претседателот даде соодветен и недвосмислен одговор, вели директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг.
За време на обиколка на фабрика на „Форд“ во Мичиген, американскиот претседател Доналд Трамп се налути на едно лице во толпата и му покажа среден прст. На видео што циркулира на социјалните мрежи се гледа како Трамп, додека шета низ производствениот погон, му вели на лицето „Еби се“ му покажува среден прст.
Медиумот ТМЗ објави видео, кое трае околу 30 секунди, на кое се слуша некое лице како вика во правец на претседателот. Според ТМЗ тој му вика на Трамп дека е „заштитник на педофилите“.
Белата куќа соопшти дека тоа е „соодветен одговор“.
„Апсолутен лудак неконтролирано извикуваше навреди во целосен излив на бес, а претседателот даде соодветен и недвосмислен одговор“, рече директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чунг.
President Trump flicks off a heckler at the Ford plant in Michigan, mouths, “Fuck you.” pic.twitter.com/1FKDr0iPqk
— Clay Travis (@ClayTravis) January 13, 2026
На видеото се гледа како Трамп неколку пати покажува со показалецот кон некого во толпата, а потоа покажува среден прст со десната рака.
Во друго видео, кое е зумирано и ја прикажува истата ситуација од поблизок агол, повторно се гледа едно лице кое вика кон претседателот додека Трамп стои мирно.
Ти Џеј Сабула, 40-годишен работник на производствена линија во фабриката, за „Вашингтон пост“ изјави дека тој му викал на претседателот. Потврди дека е привремено суспендиран од работа додека е во тек внатрешна истрага.
– Што се однесува до тоа што го критикувам, апсолутно не жалам – изјави Сабула.
Дејвид Товар, извршен директор за корпоративни комуникации на „Форд“ вели дека имале одличен настан и се горди на тоа како вработените ја претставиле фабриката пред претседателот.
– Го видовме видеото на кое се повикувате. Една од нашите основни вредности е почитта и ние не одобруваме никој да каже нешто несоодветно во нашите погони. Кога ова ќе се случи, имаме пропишана постапка, но не навлегуваме во индивидуални случаи – рече тој.
Работникот Сабула изјави дека Трамп можел да го чуе „многу, многу јасно“ и рече дека повикот е директно поврзан со справувањето на претседателот со случајот со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн.
Министерството за правда објави илјадници документи поврзани со Епштајн откако Конгресот донесе закон со кој се бара од администрацијата на Трамп да го стори тоа. Трамп никогаш не беше поврзан ниту обвинет за какви било злосторства поврзани со Епштајн.